Утрински Весник
Спорт

Осум земји кандидати за домаќини на Евробаскет 2029

Evrobasket.jpg

Осум земји поднесоа официјална кандидатура за домаќин на Европското првенство за кошаркари во 2029 година, објави денеска европскиот огранок на ФИБА.

Меѓу кандидатите за 43. издание на Евробаскетот се шест поранешни домаќини и пет поранешни шампиони.

„Тоа што добивме осум официјални кандидатури само покажува колкав е интересот за најважниот европски настан. Нашите национални федерации го прифатија овој формат со повеќе домаќини не само како алатка за раст на конкуренцијата, туку и како начин за развој на нашиот спорт во секој агол на континентот“, изјави извршниот директор на ФИБА Европа, Камил Новак.

Свои кандидатури поднесоа Естонија, Финска, Германија, Грција, Литванија, Холандија, Словенија и Шпанија. Од овие осум кандидати, четири земји ќе бидат избрани како кодомаќини.

Од осумте држави, само Естонија и Холандија досега не биле домаќини на завршната фаза на турнирот, додека Финска се обидува да стане првата земја која ќе биде домаќин на две ЕП по ред, бидејќи ќе биде и еден од кодомаќините на ЕУРО 2025.

Европската титула, од овие осум кандидати, низ историјата ја освоија Грците, Германците, Литванците, Словенците и Шпанците, а на Грција и на Германците тоа им успеа на свој терен (Грција 1987, Германија 1993). 

Можете да прочитате

Формула 1 од 2026 година без холандското Гран при

Фенербахче започна преговори за враќање на Елиф Елмас

Индира Кастратовиќ во „Куќата на славните“ на ЕХФ