Утрински Весник
Македонија

Осум повредени во судир на „мерцедес“ и БМВ на патот Гостивар–Тетово

Policija soobrakjajka noke.jpg

Денеска во 20:05 часот, на патниот правец Гостивар–Тетово, по клучката Камењане, се случи тешка сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“ со австриски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле вкупно осум лица, кои со возила на Итната медицинска помош се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово за укажување лекарска помош.

Поради вршење увид од страна на надлежните служби, сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато, по една коловозна лента.

Повеќе детали за причините за сообраќајната незгода се очекуваат по завршување на истрагата.

Можете да прочитате

Реализацијата на инфраструктурните проекти во фокусот на средбата Николоски-Памер

Ристески на трилатералната конференција „Зајакнати – развој на политики за вклучување на лица со попреченост”

Со сослушување сведок и вешти лица продолжи судењето во Велес за опожарената куќа во Капиново