Утрински Весник
Македонија

Осуденик во Идризово се обидел да внесе хероин во затворот, следува кривична пријава

Осуденик во Идризово се обидел да внесе хероин во затворот, следува кривична пријава

Кај осуденик од скопско кој издржува казна затвор во Идризово полицијата пронашла хероин, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

Имено вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога презел мерки и активности во Казнено-поправната установа Идризово, во врска со Р.С. од с.Љуботен, скопско, осуденик кој издржува казна затвор во установата.

На 12.12.2022, користејќи поволност за дозволено користење на излез од казнено-поправната установа, при враќање во затворот Р.С. се обидел да внесе хероин, со висока чистота, спакуван во две пресувани коцки, со вкупна тежина од половина килограм, кој при претрес од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, во координација со затворската полиција на КПУ Идризово, бил пронајден и одземен.

Пронајдената дрога во чиста форма би достигнала вредност од околу 8.000 евра на големо, а подготвена во пакувања за поединечна продажба и до околу 45.000 евра, информираат од МВР.

Од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога известен е Јавен обвинител од ОЈО Скопје, извршено е вештачење на дрогата од страна на Одделот за криминалистичко-технички истраги и вештачења, а во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело предвидено во член 215 од Кривичниот законик, соопштија надлежните.

Можете да прочитате

Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Пет години и шест месеци затвор за првообвинетата Марлиене која посредувала Бразилки за проституција во Скопје