Утрински Весник
Македонија

Остранети знамиња на УЧК и Албанија поставени на црквата Св. Атанасиј и Калето во Тетово

Zname na albanija crkva.jpg

Остранети се знамињата на Албанија и ОНА од црквата и манастирскиот двор на тетовското кале, кои вчера попладне биле забележани, а случајот веднаш e пријавен во СВР Тетово.

„Вчера попладне во 17 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека непознати сторители на куполата од црквата “Свети Атанасиј” во истоимениот манастирски комплекс на тетовското Кале поставиле национално знаме на Република Албанија, а на метален столб на влезот во Калето било истакнато знаме со натпис УЧК.Веднаш по пријавувањето, на местото е испратена екипа од СВР Тетово. Извршен е комплетен увид и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот“, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се занимава со сè и сешто, само не дава одговор дали Филипче и Заев имаат златни визи за Дубаи

Тој што има пари, има и слобода – Газдата на „Пуцко Петрол“ со два милиони евра сака да излезе од притвор

140.800 Македонци живеат со дијабетес – годишно се откриваат 7.500 нови случаи