Утрински Весник
Свет

Остин: Вашингтон е во добра позиција да ги брани своите интереси на Блискиот Исток

20241002074344 Big 730x400 73.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, неколку часа по иранскиот ракетен напад врз Израел разговараше со својот израелски колега Јоав Галант и притоа изјави дека Вашингтон е „во добра позиција“ да ги брани своите интереси на Блискиот Исток. 

„Секретарот потврди дека САД остануваат добро позиционирани да го бранат американскиот персонал, сојузниците и партнерите од заканите од Иран и терористичките организации поддржани од Иран“, се наведува во соопштението на Пентагон, по телефонскиот разговор меѓу Остин и Галант. 

По разговорот Остин на мрежата Х напиша дека САД и Израел ветија дека ќе останат во близок контакт. 

Претходно вчера Иран истрела 180 балистички ракети кон Израел како одмазда за израелската воена кампања во Либан, во која загинаа стотици и раселени повеќе од еден милион лица.

Иран подоцна објави дека неговиот ракетен напад врз Израел е завршен, исклучувајќи ја можноста за натамошни провокации. 

Во Израел досега не се пријавени случаи на повредени лица од ракетите, а Вашингтон иранскиот напад го оцени за „неуспешен“.

Можете да прочитате

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања