Утрински Весник
Македонија

Останале и без дрва и без пари: брачен пар од Куманово измамен од лажен продавач на дрва

Останале и без дрва и без пари: брачен пар од Куманово измамен од лажен продавач на дрва

Вчера во 14.10 часот во СВР Куманово, 65 – годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 денари.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, лицето ѝ понудило огревни дрва и откако се договориле, нејзиниот сопруг со лицето се упатиле на местото каде наводно биле складирани.

Како што е пријавено, откако пристигнале лицето му кажало дека ќе оди по пила за сечење на дрва, но дошло кај неа и ѝ кажало дека нејзиниот сопруг рекол да му ги даде парите.

Откако нејзиниот сопруг се вратил без дрва, сфатиле дека се измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Малиш Саздовска: Шумската мафија заработува огромни пари, без корупција во институциите овој криминал не може да опстои

Малиш Саздовска: Затворите наместо да ги поправат осудениците, можат да ги претворат во уште поголеми криминалци

Малиш Саздовска: Терористичките организации регрутираат млади преку интернет, повратниците од воиштата се сериозен безбедносен ризик