Утрински Весник
Македонија

„Останаа само голи ѕидови и црна пепел, која ја дишеме секој ден“ – прилепската фабрика објави фотографии по пожарот

„Останаа само голи ѕидови и црна пепел, која ја дишеме секој ден“ – прилепската фабрика објави фотографии по пожарот

Прилепската фабриката за текстилни производи „Тила“ во Прилеп објави фотографии по големиот пожар што ги зафати пред еден месец, а во која изгоре сè.

dobivaj vesti na viber

„Под ведро небо, целосно разрушени. Останаа само голи ѕидови и црна пепел, која ја дишеме секој ден поминат тука меѓу овие ѕидови обидувајќи се да го вратиме она што го изгубивме. Пожарот однесе сè, само не и нашите волја и надеж за подобро утре! Ќе ѝ возвратиме на судбината со уште поголеми сили и ќе направиме сè за да си го вратиме она што ни припаѓа само нам и вам, а тоа е нашата иднина, нашата и ваша ТИЛА! Ви благодариме уште еднаш на сите за поддршката што ни ја давате“, пишува во објавата.

Пожарот се гаснеше половина ден со оглед на запаливите материјали.

Брендот „Тила“ е дело и креација на две сестри, кои со помош на нивната семејна компанија, конфекцијата „Хатра“ во Прилеп, почнуваат со креирање и менаџирање на компанијата уште во своите рани дваесетти години. Брендот „Тила“ постои веќе 15 години и со години беше и е единствен македонски бренд на детска облека, кој функционира професионално од типот на дизајнерските брендови.

Можете да прочитате

Екс-директорот Димовски најави одговор на наводите за злоупотреби во АНБ

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година