Утрински Весник
Македонија

Основен суд Битола за изнесената пресуда во лифт: Обвинетиот не беше присутен, пресудата им беше усно јавно објавена

Osnoven sud bitols pravdiko crop zgolemena.jpg

Се огласија и од Основниот суд Битола по повод вчерашниот судски преседан, кога пресуда за сообраќајна несреќа со смртни последици на семејството на прегазената жена им беше објавена во лифтот од зградата, со образложение дека не требале да дојдат и истата била веќе донесена, иако истиот ден имало закажано судско рочиште за читање на истата.

Од судот не одговорија дали ваквиот начин на изрекување на пресуда е пракса во нивниот суд, ни потврдија дека имало закажано рочиште тој ден иако на семејството на починатата Анета Цветкоска лично од судијката Цветанка Никодиноска им било кажано дека немале потреба да дојдат и требале да бидат известени за донесената пресуда.


Од таму сега пак велат дека на закажаното рочиште не биле присутни странките на постапката, односно присутни биле само блиски на оштетената, па ним усно им била кажана пресудата. Тие велат постапиле според одредбите на законот и пресудата на писмено ќе ја добијат за 15 дена.

“Ве известуваме дека на ден 09.05.2025 година, на записник, им беше соопштено на учесниците во постапката дека пресудата ќе биде објавена на ден 14.05.2025 година во 13:00 часот во судница бр.71.
На закажаното рочиште за објава, на ден 14.05.2025 година во 13:00 часот на објавувањето не беа присутни странките на постапката, беа присутни само од семејството на оштетената (покојната) и нив им беше усно јавно објавена пресудата.

Согласно ЗКП од денот на изрекување и објавување судот ja изготвува писмено пресудата во рок од 15 дена за сложен предемет во рок од 60 дена и јa доставува до странките и полномошникот на оштетените. Судот во целост постапи согласно одредбите од ЗКП.

Анета Цветкоска на 09.06.2023 година на својот велосипед, надвор од коловозот, беше удрена од автомобил управуван од Димитар Петрески лице вработено во МВР, кој потоа избега и не и пружи помош. Димитар повеќе од 24 часа беше недостапен за институциите, затоа што најпрво во полиција како сторител на делото се пријавил неговиот татко. Димитар пред настанот четири часа бил во кафана, поради бегството никогаш не му бил направен алко-тест, а пред судот изјави дека пиел вода. Никогаш не изразил жалење кон семејството и не се изјасни за виновен”, стои во објаснувањето од Судот за 24Инфо.

Наталија Јосифоска

Можете да прочитате

Крешник Бектеши оди во куќен притвор

МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади

Грипот е присутен и на пролет – 50 пријавени случаи минатата недела