Утрински Весник
Економија

Основање на Кинеско – македонска стопанска комора

Kina mk.webp.webp

Во Скопје денеска ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора.

На настанот, како што најавуваат организаторите предвидено е да се обратат Жаолонг Шао, претседател на Кинеско-македонската стопанска комора и заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски.


Исто така, на настанот на основање на Комората, ќе се обрати и Хе Бингхуа, економски и трговски советник во амбасадата на Народна Република Кина во Македонијa.

Потоа предвидено е да се одржи панел-дискусија на тема  „Зајакнување на економската соработка и трговската размена меѓу Кина и Македонија: можности, предизвици и идни перспективи“.

Можете да прочитате

Славески: Се стабилизира растот на цените на становите, мерките на НБ поддржуваат прво купување дом

РКЕ денеска со нова пресметка: Ќе продолжи ли поевтинувањето на горивата?

Гувернерот Славески учествува на Годишните средби на ММФ и СБ