Утрински Весник
Македонија

Османи – Зеленски: ОБСЕ има капацитет да им помогне на луѓето преку работата на терен

Османи – Зеленски: ОБСЕ има капацитет да им помогне на луѓето преку работата на терен

Во рамки на посетета на Киев, министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски при што ја изрази својата поддршка за украинската Влада, акцентирајќи дека ОБСЕ го поддржува украинскиот народ и напори за враќање на мирот и стабилизација на регионот.

dobivaj vesti na viber

„ Импресивна е пожртвуваноста и посветеноста на Претседателот Зеленски во заштита на украинскиот народ и храброста во соочувањето со предизвиците и последиците од агресијата на Руската Федерација врз Украина. Ја повикувам Русија веднаш да стави крај на агресијата.

ОБСЕ го поддржува украинскиот народ и ќе продолжи одблизу да ја набљудува состојбата. Неопходна е оваа поддршка на украинските напори да се врати мирот и да изгради стабилна иднина за нејзините граѓани”. –истакна Османи.

Османи порача дека ОБСЕ ги има механизмите и капацитетот да им помогне на луѓето од конфликтните подрачја преку работата на терен.

„ Еден од првите чекори треба да биде итното враќање на теренска мисија на ОБСЕ во Украина. Мисијата ќе направи голема разлика на терен за обезбедување на стабилност, безбедност и почитувањето човековите права за секој граѓанин”.-порача Османи.

Посетата на Османи на Украина е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, во кое фокус се става кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје