Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Османи во Виена ќе се обрати на првата Конференција за климатски промени во организација на ОБСЕ

Османи од Брисел: Подготвени сме за уставни измени, политичарите од соседство да престанат со провокациите
Img 7972

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Виена, Австрија во седиштето на ОБСЕ.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на посетата, Османи ќе има обраќање на првата Конференција за климатски промени во организација на ОБСЕ. Претседавачот ќе биде дел и од панел-дискусијата насловена „Премостување на националната и глобална акција –Регионална соработка за справување со климатските промени“.

Покрај тоа, Османи во Виена ќе оствари и бројни билатерални средби, меѓу кои со министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, со Американскиот специјален претставник за клима и поранешен државен секретар на САД, Џон Кери и со Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак.

Османи во Виена ќе учествува и на настан по повод 30 годишнината од основањето на Високиот комесаријат за национални малцинства на ОБСЕ – „Научени лекции и потенцијални предизвици – Градење на долгорочна социјална кохезија во Југоисточна Европа“.

Климатските промени и справување со предизвиците по безбедноста предизвикани од нив, како и градењето доверба, се дел од клучните приоритетите на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја