Утрински Весник
Македонија

Османи во Украина на средба со Стефанчук

Османи во Украина на средба со Стефанчук

Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, во рамки на посетата на Украина оствари средба со Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на средбата, Османи ја реафирмираше позицијата дека Русија, со воената агресија врз Украина, ја крши Повелбата на ОН, основните принципи на меѓународното право и човековите права, и дека Северна Македонија, оваа позиција ќе ја задржи и како земја претседавач со ОБСЕ.

„Го преземавме претседавањето со ОБСЕ во време на најтешката безбедносна и геополитичка криза по Втората светска војна. Сепак, ќе се посветиме на изнаоѓање дипломатски решенија без разлика колку компликувани состојбите на терен”, истакна Османи, додавајќи дека како претседавач на ОБСЕ ќе ги интензивира комуникациите со сите украински власт околу можноста за враќање на мисијата на ОБСЕ во Украина.

Можете да прочитате

СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани: Па покажеме човечност

ВРЕДИ: Земјотресот се случи на 8 мај, промената започна, нема да запре!

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ пред изборите создаде психоза, треба да се провери дали кампањата е финансирана од домашни или странски извори