Утрински Весник
Македонија

Османи во Рим на средба со министрите за надворешни работи на Западен Балкан и „Пријателите на ЗБ”

20240204161418 big 730x400 42.webp.webp

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес ќе престојува во работна посета на Италија, каде ќе учествува за министерската средба на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан и министрите за надворешни работи на земјите од Групата “Пријатели на Западен Балкан”, на покана на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани.

На состанокот, Османи ќе се обрати на работната сесија на тема “Заедничка работа за забрзување на евро-интегративниот процес за Западен Балкан”.

Во рамки на посетата, Османи ќе има средба и со новите носители на МКарта во Италија.

Можете да прочитате

Сопственик на угостителски објект во Куманово уценуван од поранешна вработена со помош на друго лице

Државниот архив одбележува 75 години од основањето

Уапсени две лица поради бегство од затвор, претходно осудени поради „тешка кражба“