Утрински Весник
Македонија

Османи: Во фокусот на нашето претседавање ќе биде враќањето на мирот и стабилноста во Украина

Османи: Во фокусот на нашето претседавање ќе биде враќањето на мирот и стабилноста во Украина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на ОБСЕ Министерскиот состанок, во Лоѓ, денес оствари билатерална средба со Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Република Украина.

dobivaj vesti na viber

На средба, Османи ја реафирмираше недвосмислената поддршка на Северна Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и солидарноста со украинскиот народ во нивната борба за враќање на слободата и надминување на последиците од руската воена агресија. Воедно, Османи подвлече дека поддршката на Украина ќе биде примарен приоритет и за време на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ идната година.

„Нашите напори ќе бидат фокусирани на обезбедување континуирано присуство и ангажман на ОБСЕ во Украина, обезбедување програмска поддршка во сите три димензии преку новоформираната Програма за поддршка за Украина како и праќање на специјален претставник на претседавачот на ОБСЕ, за политичко известување” истакна Османи.

Воедно, Османи изрази подготвеност, идната година да ги стави во функција сите капацитети и механизми на ОБСЕ, со цел помагање на засегнатото население во Украина во справувањето со предизвиците кои произледуваат од енергетската и прехранбената криза.

Можете да прочитате

Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

Муцунски: Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“