Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Османи во Барселона, се гласа за членство на Северна Македонија во Унијата за Медитеранот

Османи: Македонија нема да ги признае референдумите за присоединување на украински територии со Русија
Img 7972

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на покана на заменик премиерот и министер за надворешни работи Кралството Јордан Ајман Сафади, министерот за надворешни работи, Европска Унија и соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарес и високиот претставник и потпретседател на Европската комисја Жозеф Борел, учествува на Седмиот регионален форум на Унијата за Медитеранот што се одржува во Барселона, Шпанија.

dobivaj vesti na viber

На предметниот состанок на министрите за надворешни работи од 42 земји членки на Унијата за Медитеранот, Османи ќе присуствува на свечениот чин на пристапување на Република Северна Македонија во Унијата за Медитеранот и последователно ќе земе активно учество како претставник на новата земја-членка.

На маргините на Форумот министерот за надворешни работи Османи ќе се сретне со домаќинот, министерот за надворешни работи, Европска Унија и соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарес, а ќе оствари и други билатерални средби со свои колеги од земјите – членки во Унијата на Медитеранот.

Унијата за Медитеранот, формирана на првиот и инаугуративен Самит на претседатели на држави на Евро – Медитеранот, одржан во Париз на 13 јули 2008 година, претставува рамка за уредување на мултилатералните односи помеѓу ЕУ и медитеранските земји кои не се дел од ЕУ.

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ