Утрински Весник
Спорт

Де Брујне: Не знам зошто ме прогласија за играч на натпреварот

Де Брујне: Не знам зошто ме прогласија за играч на натпреварот

Белгија не заслужено ја победи Канада со 1:0 во првото коло од групата Ф на Светското првенство во Катар. Тибо Куртоа и Миши Батшуаји спречија изненадување. Куртоа во раната фаза на натпреварот одбрани пенал, а Батшуаји во 44. минута го постигна единствениот гол.

dobivaj vesti na viber

Канада беше подобар противник, особено во првото полувреме кога Белгија опасно висеше, а од дебакл, покрај голманот Куртоа ја спаси и катастрофалниот замбиски судија Сиказве, кој ја оштети Канада за уште два чисти пенали. Белгија постигна гол од единствената шанса во првото полувреме.

По натпреварот, ФИФА го шокираше фудбалскиот свет со тоа што наградата за играч на натпреварот му ја додели на Кевин Де Брујне, кој никако не го заслужи трофејот. Играчот на Сити беше изненаден од нелогичната одлука на ФИФА.

„Мислам дека не одиграв одличен натпревар. Не знам зошто ја добив оваа награда. Можеби поради моето име“, изјави Де Брујне.

Белгија во недела ќе игра со Мароко, а од 17 часот Канада со Хрватска.

Можете да прочитате

Европа ќе има нов фудбалски владетел

Баерн го скрши Арсенал за полуфинале во ЛШ

Стојановски успешно опериран – 24info.mk