Утрински Весник
Македонија

Османи – Шаленберг: Австрија останува силен поборник за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Османи – Шаленберг: Австрија останува силен поборник за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ

За време на работната посета на Виена, министерот за надворешни работи Бујар Османи, остварил билатерална средба со сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг.

dobivaj vesti na viber

Од МНР информираат дека на средбата било изразено задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји како и заемните заложби за натамошно зацврстување на пријателските и силни врски со акцент на економијата како еден од столбовите на односите на нашите две земји, изразувајќи надеж дека Австрија ќе продолжи и во иднина да претставува еден од најзначајните странски инвеститори во нашата земја.

Министерот Османи упатувајќи благодарност за силната и конзистентна австриска поддршка на европските интеграции на нашата земја, информирал за најновите внатрешно политички состојби во Северна Македонија, како и за претстојните активности кои нашата земја треба да ги преземе во светло на процесот на пристапни преговори со Европската Унија.

Министерот Шаленберг изразил големо задоволство од отпочнатите преговори и ангажманот на Северна Македонија за деблокирање на процесот, упатувајќи порака дека неговата земја останува силен поборник за членство на сите земји од Западен Балкан во Европската унија.

Биле разменети мислења и за руската инвазија врз Украина, заемно осудувајќи ги руските воени дејствија. Во овој контекст, министерот Османи истакнал дека Северна Македонија останува конструктивен партнер на ЕУ во одговор на кризата.

На средбата се дискутирало и за унапредување на мултилатералната соработка, со посебен акцент на претстојното претседавање на нашата земја со ОБСЕ во 2023 година.

Можете да прочитате

Конгрес на СДСМ: Се зголемува бројот на членови на ИО и ЦО

86годишна жена од Виница измамена од лажен лекар од Словенија за 30.000 евра

Обид за убиство во Струшко, едно лице тешко рането