Утрински Весник
Македонија

Oсмани се сретна со Чавушоглу, инвазијата во Украина во фокус на разговорите

Oсмани се сретна со Чавушоглу, инвазијата во Украина во фокус на разговорите

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на маргините на 77-та сесија на генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, се сретна со својот хомолог од Турција, Мевљут Чавушоглу.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за актуелната ситуација предизвикана од руската инвазија во Украина, безбедносниот аспект и последиците за европските земји, како и напорите што Северна Македонија и Турција ги преземаат со цел справување со кризата. Поздравен е ангажманот и посредството на Анкара и Обединетите Нации во постигнатиот договор со кој се овозможува извоз на украинското жито до светските пазари, блокирано од самиот почеток на руската агресија.

Посебен осврт беше направен за регионалната соработка и предизвици, како и евро-атлантската перспектива на земјите од регионот и во таа насока, за наредните ангажмани на Северна Македонија во процесот на пристапните преговори и скринингот, кој формално е веќе започнат.

Разменети беа мислења во врска за билатералните односи, политичкиот и економски дијалог, во светло на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи.

Нашето претседавање со ОБСЕ 2023, исто така беше неизоставен дел од разговорите, при што МНР Чавушоглу беше запознаен со приоритетите како и за до сега преземените активности и подготовки кои ги реализиравме во својство на земја член на Тројката на ОБСЕ.

Можете да прочитате

Жена од Кочани измамила тетовец, му ветувала странски документи

167 санкционирани возачи во Скопје

Вечерва уапсени се лица поврзани со убиството на докторот во Железара