Утрински Весник
Македонија

Османи: Се реорганизираме секаде каде што е потребно и најдобро што можеме

Bo1.jpg

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во низата посети на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, денес беше во Амбасадата во Виена, со цел увид на состојбите на терен и изнаоѓање на решенија за зголемување на ефикасноста во давањето на конзуларните услуги.

“Целосно ги разбирам поплаките на граѓаните по однос на долгите чекања, недобивање на време термин, неодговарање на телефонските повици и е-маилови и за таа цел вложуваме максимални напори да се надминат овие ситуации. Делумно ги разбирам и објаснувањата на нашите дипломати и конзуларни работници дека се преоптоварени со напливот на барања за конзуларни услуги што се случува периодов, сепак сметам дека постојат можности да се организираат” истакна Османи при посетата на Амбасадата во Виена, со што ја заокружи првата фаза на ненајавени посети во дипломатско-конзуларните претставништва во Европа.

“Во повеќето од претставништвата кои ги посетив деновиве, им се излегува во пресрет на околу 300 наши државјани дневно и се разбира тоа е голем товар за нашите претставништва. Меѓутоа се обидуваме сега да се реорганизираме секаде каде што е потребно и најдобро што можеме, со тоа што упатуваме нови конзуларни работници и дипломати, воведовме двосменско работење и работа во сабота и недела, донесовме дополнителни базни станици, односно мобилни станици за фотографирање” рече Министерот.

Деновиве, Османи оствари посета на бројни наши претставништвата, меѓу кои Брисел, Минхен, Бон, Берн Венеција и Виена. Во текот на наредната недела се планира посета и на други претставништва, каде што е зголемен обемот на барања за конзуларни услуги.

Можете да прочитате

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес

Гори над скопското село Кондово