Утрински Весник
Македонија

Османи: Само со одговорно лидерство и заеднички решенија ќе можеме да ја одржиме функционалноста на ОБСЕ

Османи: Само со одговорно лидерство и заеднички решенија ќе можеме да ја одржиме функционалноста на ОБСЕ

На барање на Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи,  во Виена се одржа вонреден состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ, со засилено учество на високо ниво. Со оглед на критичните предизвици со кои се соочува Организацијата во светло на агресијата на Руската федерација врз Украина, министрите за надворешни работи и други високи претставници на државите учеснички и партнерите за соработка на ОБСЕ, разменија мислења за актуелните прашања и предизвици.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на дискусиите беа прашања од круцијално значење за функционалноста на ОБСЕ: потребата од усвојување на буџетот, за именување на раководните структури и избор на Претседавач на Организацијата во 2024 г.

„И покрај тоа што влијанието на руската воена агресија против Украина предизвикува тектонски потреси во поширокиот регион на ОБСЕ, Организацијата успеа да демонстрира флексибилност и да се прилагоди на дадените околности и да продолжи да нуди поддршка и да испорачува за луѓето. Поради тоа, ние сме должни да испорачаме назад, да поддржиме и обезбедиме непречена функционалност на ОБСЕ. Само со одговорно лидерство и заеднички решенија ќе можеме да овозможиме ОБСЕ да продолжи ефективно да го спроведува доверениот мандат”, посочи претседавачот Османи.

Во продолжение, тој презентираше конкретни предлози на Претседавањето како можни решенија за надминување на предизвиците.

„Придонесот и влијанието на нашата Организација кон процесите на мир и стабилност никогаш не смее да биде жртва на лоши толкувања и кусогледа политизација. Поимот консензус треба да биде нашата сила, а не наша слабост“, истакна Османи, повторно повикувајќи ги министрите и високите претставниците да демонстрираат силна политичка волја и конструктивност во комплексниот момент во кој се наоѓа Организацијата.

Како Претседавање, остануваме посветени на ОБСЕ и ќе продолжиме да работиме на изнаоѓање решенија во поддршка на функционалноста на организацијата, заклучи претседавачот Османи.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: На фронтот во Украина се борат и платеници од Колумбија

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ