Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

2.jpg
300x250 opst2

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, ја коментираше изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека по локалните избори е можно одржување предвремени парламентарни избори, потврдувајќи дека според неговите сознанија и проценки, таквите избори ќе се одржат во март или април следната година.

„Тоа е всушност тоа што го кажувам јас и ние од почетокот, дека да, ќе има предвремени парламентарни избори некаде во март или април. И ова го кажувам најаргументирано, врз основа на сите разговори и договори што ги има на политичката сцена”, изјави Османи.


Тој додаде дека изјавата на премиерот само го потврдува она на што ДУИ и другите опозициски политички сили укажувале со месеци, дека сегашната влада е нестабилна и неодржлива.

„Се разбира дека на премиерот веројатно му требаа дополнителни аргументи, коишто сега ги гледа на терен, во односот на силите и тоа што се случува. Ситуацијата е неодржлива, и затоа веќе почна и тој да го спрема теренот”, рече Османи.

Тој истакна дека најавените избори ќе бидат можност да се избере нова влада со јасен европски и економски фокус.

„Јас ви тврдам дека предвремени парламентарни избори ќе има во март–април и ќе има нова влада која ќе го откочи европскиот процес, ќе го врати соживотот и економскиот просперитет на земјата”, порача Османи.

Можете да прочитате

Филипче: Над 45 реализирани проекти во Росоман, поддршка за Стојан Николов за да продолжи напредокот

Екс директорот на АЕК, Орданоски, ќе биде координатор за дигитализација во Мепсо

Поднесена кривична пријава против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола со кои е стекната противправна имотна корист во висина од 106.200.000 денари