Утрински Весник
Македонија

Османи од Јордан: Во светло на воинственото лице на Руската федерација, ова не е време за дефетизам, туку за активен ангажман

Османи од Јордан:  Во светло на воинственото лице на Руската федерација, ова не е време за дефетизам, туку за активен ангажман

Денеска во Јордан, министерот за надворешни работи Бујар Османи ја отвори овогодинешната Медитеранска конференција на ОБСЕ, во својство на претседавач на групата медитерански партнери за соработка на ОБСЕ.

dobivaj vesti na viber

Во воведното обраќање, Османи се осврна на споделените безбедносни предизвици со кој се соочуваат земјите од Медитеранот и земјите учеснички на ОБСЕ. Тој упати на агресијата од страна на Руската федерација врз Украина и силното влијание врз политичките и безбедносните процеси врз регионот на ОБСЕ и земјите од Медитеранот.

“И покрај тоа што нашите заеднички напори да ја запреме агресијата врз Украина во моментот не вродуваат со плод, во светло на воинственото лице на Руската федерација, ова не е време за дефетизам, туку активен ангажман. Ние мора да најдеме начин да ги намалиме болката и тежината на агресијата, со силен фокус врз луѓето кои страдаат и имаат потреба од поддршка. Треба да го искористиме овој форум за да повторно ја подвлечеме безбедносната меѓузависност меѓу двата региона, тој на ОБСЕ и Медитеранот, конструктивно и во духот на вистинско партнерство – споделени приоритети кои задираат во животите на сите наши граѓани”, истакна Османи.

Тој упати на важноста од спроведување на националните агенди во функција на поддршка и зајакнување на младите, жените, справувањето со ефектите на климатските промени и борбата против трговијата на луѓе. Подвлече дека овие теми ќе бидат дел од приоритетната агенда на нашето претседавање со ОБСЕ во 2023 година.

“Нашата младина веќе ги чувствува сините ефекти од климатската криза. Тие треба да бидат на браникот во справувањето со овие феномени во годините што доаѓаат. Нашата иднина ќе биде во нивни раце и ние мора да создадеме предуслови за нивна ефикасна акција и делотворен ангажман”, подвлече тој.

Во дискусијата на отварањето учествуваа министрите за надворешни работи на Јордан, Полска, Шведска, Билсторм и генералната секретарка на ОБСЕ. Фокусот на дебатата беше насочен кон безбедносните предизвици предизвикани со агресијата на Руската федерација врз Украина и соодветните импликации; безбедносната меѓузависност меѓу регионите, европскиот и медитеранскиот, и потребата од конкретна соработка и позитивен ангажман; импликациите од агресијата, недостигот и недостапноста на храна, енергетската несигурност, климатската криза, итн.

На дводневната конференција учествуваат преку 200 високи претставници на земји учеснички на ОБСЕ и медитеранските партнери за соработка на приоритетните теми поврзани со зајакнувањето на младите и жените, справувањето со ризиците од климатските промени и трговијата со луѓе, и сл.

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм