Утрински Весник
Македонија

Османи: Навивачите се посебен свет и не треба да се поврзуваат со односите помеѓу државите

Османи: Низ дебатите да разграничиме, каде почнува партискиот, а каде завршува интересот на државата

Не може врз основа на навивачите да се носат заклучоци за односите што ги имаат одредени етнички групи, а сега во овој случај и државите. Вака министерот за надворешни работи, Бујар Османи ги коментира насилните сцени на натпреварот помеѓу фудбалските клубови – домашниот „Шкупи“ и софискиот „Левски“, завчера во Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е посебен свет во кој навивачите си имаат однос еден кон друг, не треба да се ставаат во контекст на односите помеѓу државите. Ако правиме корелација ќе направиме штета“, рече Османи на брифингот со новинарите.

Според него, она што треба и се прави во таков случај е идентификување на сторителите и нивно изнесување пред лицето на правдата.

Министерот во насока на тоа, кажа дека тензии има и меѓу клубови од иста етничка група.

Прашан од бугарска новинарка како ги коментира изјавите на дел од политичарите во Софија дека настанот ја оддалечува Македонија од ЕУ, Османи изјави дека ваквите заклучоци се жални и навистина некоретни.

„Сите кои даваат такви изјави го прават тоа злонамерно. Политичките партии што се обидуваат да го поврзат настанот, односно навивачите со односот помеѓу државите собираат политички поени“, дециден е Османи.

Додаде дека го проследил ставот на бугарското Министерство за надворешни работи што го оцени како коректен и за него тоа е ставот на бугарската држава.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор