Утрински Весник
Македонија

Османи на прва посета на теренската мисија на ОБСЕ во Скопје

Османи: ОБСЕ треба да даде резултати во тешки времиња
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи денеска ќе оствари своја прва посета на теренска мисија во својство на претседавач, со посета на мисијата на ОБСЕ во Скопје при што ќе ги разгледа и разговара за проектите кои мисијата на ОБСЕ ги имплементира во рамките на својот мандат.

dobivaj vesti na viber

Османи во мисијата ќе има интерактивен разговор со членовите и шефот на мисијата, амбасадорот, Килиан Вал.

Исто така, Османи ќе го посети полицискиот центар во Ѓорче Петров, и ќе разговара со корисници на обука во рамките на програми на мисијата на ОБСЕ каде што заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе присуствува на показна вежба на припадници на Специјалната антитерористичка единица -Тигар и Единицата К9.

Во текот на денот, на агенда на претседавачот е посетата и на теренската канцеларија на ОБСЕ во Тетово.

Можете да прочитате

Среќен Божиќ! Христос се роди!

Мицкоски со семејно селфи за Бадник – Паричката кај помалиот син

Осветување полициски возила во дворот на МВР предизвика жестока јавна дебата за секуларноста