Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Османи: Меџити пет дена бега од дебата – нека го земе Мицкоски, ќе дебатирам со двајцата

Image 2025 10 10 152442043.png
Img 7972

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, со остар тон и денес реагираше на одбивањето на неговиот противкандидат Изет Меџити да учествува на јавна дебата, а од друга страна повторно упатува повици за соочување.

Османи како ироничен го оцени начинот на кој Меџити му вратил: „земи го Али Ахмети”, како одговор на неговото „земи го Мицкоски”.  


„Мене Али Ахмети ми е претседател, а Меџити со тоа признава дека Мицкоски го смета за свој претседател”, изјави Османи.

Според Османи, дебатата е најважната институција во една изборна кампања.

„Јас реков и вчера, пет дена ја менував агендата, ги откажував средбите во очекување на таа дебата”, изјави Османи, потенцирајќи дека со тоа Меџити покажува страв и неподготвеност да одговори на суштински прашања за Чаир и за сопствените политики.

Тој додаде дека е подготвен за соочување со секого, во секое време и на секое место.

„Нека го земе и Мицкоски и нека изберат место и време, и јас ќе дебатирам со двајцата”, рече Османи, нагласувајќи дека на 19 октомври ќе се случи вистинското соочување кога граѓаните ќе одлучат каква држава сакаат, каква позиција сакаат во неа и каков Чаир сакаат.

Можете да прочитате

Шукова: Ѓорче ќе добие БРТ систем, зелен кеј и подобра инфраструктура, крај на маргинализацијата на општината

Лабудовиќ: Герасимовски бега од соочување и одговорност

Ацевски: Ѓорче е уништено од бетонизација, време е да ставиме крај