Утрински Весник
Македонија

Османи – Лирман: Верувам дека се реалистични нашите барања за постепен пристап до фондовите, политиките и заедничкиот пазар на Унијата

Османи – Лирман: Верувам дека се реалистични нашите барања за постепен пристап до фондовите, политиките и заедничкиот пазар на Унијата

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во рамките на учеството на безбедносниот форум на „Глобсек“ во Братислава се сретна со министерката за Европа и клима на Германија, Ана Лирман.

dobivaj vesti na viber

Во фокус на разговорите беше нашето европско досие, при што Османи брифираше за претстојниот процес на донесување на уставните измени, со цел отворање на првиот кластер од пристапните преговори и во овој контекст, се заблагодари за цврстата германска поддршка.

Османи ја запозна соговорничката со т.н. концепт “Повеќе интеграција пред членство во ЕУ”, со што, како што истакна “периодот до полноправно членство би се искористил од земјите од регионот од една страна, а од друга страна би се додал повеќе кредибилитет на пристапниот процес”.

„Верувам дека се реалистични нашите барања за постепен пристап до фондовите, политиките и заедничкиот пазар на Унијата, со цел нашите државјани да ги чувствуваат придобивките од евроинтеграцијата порано. Со ова, евроскептицизмот во раст би го трансформирале во заемна доверба, со побрзо темпо при реализацијата на реформите во нашата држава”, рече Османи.

Османи и Лирман разменија мислења и за актуелните случувања на северот на Косово, за итната потреба од деескалација на состојбите и враќање на дијалогот, кој треба да обезбеди одржливи решенија.

Можете да прочитате

Ангелов: Има нови индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, некој утрово се обидуваше да го реактивира

Мицкоски: Државата не се гради од центарот кон периферијата, туку од темелите нагоре

Пожар во кругот на болницата во Битола, нема материјална штета, ниту се загрозени вработените и пациентите