Утрински Весник
Македонија

Османи – Липавски: Потребни ни се опипливи придобивки за нашите граѓани од страна на ЕУ

Османи – Липавски: Потребни ни се опипливи придобивки за нашите граѓани од страна на ЕУ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во рамки на работната посета на Чешка, денес, во Прага, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Чешка, Јан Липавски.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше изразено заемно задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји изминатите три децении, со акцент на недвосмислената и гласна чешка поддршка за пристапниот процес на нашата држава во Европската унија. Во тој контекст, министерот Липавски изрази надеж за што поскоро усвојување на уставните измени, како единствена можност за продолжување на европскиот пат на Северна Македонија, истовремено потенцирајќи ја важноста регионот на Западен Балкан што поскоро да биде дел од ЕУ семејството.

„Го поздравуваме повикот од Чешка до институциите на ЕУ да презентираат јасна агенда за постепена и забрзана интеграција со државите од Западен Балкан, во насока на обезбедување опипливи придобивки за нашите граѓани“, истакна Османи.

Беа разменети мислења и за актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за соработката и предизвиците во рамките на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023, чија цел е зачувувањето на безбедноста на европскиот континент.

Можете да прочитате

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи

Николовски: ИПАРД програмата официјално стопирана во Македонија

Мециновиќ: Додека претседателката зборува за топење на глечери, граѓаните се гушат од загаден воздух