Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Османи: Ќе покажеме дека во Чаир имало ресурси, но биле злоупотребени

Bujarr.jpg
Dik 300x250 mk

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција истакна дека по преземањето на функцијата, граѓаните конечно ќе видат дека општината имала ресурси, но тие со години биле погрешно искористени.

„Граѓаните самите ќе видат колку многу ресурси имала оваа општина, но за жал биле злоупотребени. Ние ќе ги ставиме тие ресурси во функција на развојот на Чаир“, рече Османи, најавувајќи сериозни вложувања во образованието и грижата за децата. Тој додаде дека покрај ресурсите на општината, ќе се искористат ресурси и од Европската Унија, Владата и Градот Скопје.


Османи најави дека образованието и градинките ќе бидат во фокусот на неговиот мандат, со целосна модернизација и подобрување на условите за децата.

„Условите во постојните училишта се мизерни, па затоа ќе започнеме сериозен проект за реновирање и модернизација на градинките и на училиштата. Ќе ги обновиме кујните, тоалетите и дворовите, ќе поставиме заштитни огради за безбедноста на децата и ќе ја прошириме услугата за дневен престој за родителите кои работат“, изјави Османи.

Османи најави и изградба на две нови градинки проектирани како современи и со голем капацитет, на простори кои истовремено ќе бидат искористени како мултифункционални целини.

„Градинката ‘Снежана’ на ‘Џон Кенеди’ ќе се простира на површина од 40.000 м², со заеднички објект за градинка и училиште, подземен паркинг на две нивоа со 1.000 места и детско игралиште над објектот. Втората, ‘Росица’, на површина од 20.000 м², ќе биде современа градинка со простор за игра и над објектот и ќе располага со подземен паркинг на три нивоа со 520 паркинг-места“, истакна Османи.

Со овие два проекти, Османи најави целосна трансформација на предучилишното образование во Чаир и подобрување на условите за сите деца и родители.

Можете да прочитате

Костовски: По 30 години, проектот река Серава е завршен

ЈП „ЛАЈКА“ СЛАВИ 5 ГОДИНИ – СЛУШНЕТЕ ГИ ПЕТТЕ РОДЕНДЕНСКИ ЖЕЛБИ НА КУЧЕТО!

Герасимовски: Вложуваме во младите практиканти, создаваме професионални кадри за развој на Центар