Утрински Весник
Македонија

Османи-Дачиќ: Да се интензивира дијалогот и соработката во регионот

Османи-Дачиќ: Да се интензивира дијалогот и соработката во регионот

ОБСЕ останува посветена на поддршката на реформските процеси во Србија и во регионот, порача Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи по средбата со првиот вицепремиер одговорен за надворешна политика и безбедност и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ во Белград.

dobivaj vesti na viber

„Помирувањето, градењето доверба и борбата против корупцијата. Овие важни теми, заедно со решавањето на безбедносните предизвици од климатските промени низ регионален пристап, се трите главни приоритети за Западен Балкан на нашето Претседателство со ОБСЕ. Тие се точки на поврзување, заеднички потфати, кои можат и треба да нè обединат сите“, рече Османи на средбата со Дачиќ.

Изразувајќи искрено сочувство за загубата на невините животи по немилите настани што ја погодија земјата, Османи во својство на Претседавач со најголемата регионална безбедносна организација, се фокусираше на актуелните предизвици и можности.

„ОБСЕ денеска се движи низ бурни води. Руската воена агресија против Украина ги урна основните принципи на ОБСЕ. Како Претседателство, работиме на обезбедување на поддршка за функционална и флексибилна Организација, нудејќи разновидни алатки со цел да помогнеме во обновувањето на мирот и безбедноста. Наша цел е да го вратиме дијалогот и да ја промовираме соработката“, истакна Османи.

Османи потенцираше дека состојбата во моментов бара колективно, одговорно одлучување, повеќе од било кога, како и задолжително зголемување на напорите за ефективен мултилатерализам, со цел воспоставување на мир и соработка. Тој изрази почит кон Мисијата на ОБСЕ во Србија, која обезбедува поддршка на државата во градење силни, независни, одговорни и ефикасни демократски институции.

Можете да прочитате

Утре Ден на жалост на територијата на Општина Охрид по повод смртта на владиката Тимотеј

Кос: Македонија да го промени Уставот и потоа навистина да го забрзаме процесот

Министерот Таравари по вчерашниот колапс се одмара дома