Утрински Весник
Спорт

Осамнаа пикантни фотографии: Луис Хамилтон е новото момче на Шакира (ФОТО)

Осамнаа пикантни фотографии: Луис Хамилтон е новото момче на Шакира (ФОТО)

Шакира минатото лето раскина со Жерар Пике, а откако оваа пролет го доби старателството над децата и се пресели во Мајами, дефинитивно ја сврте страницата и започна нов живот.

dobivaj vesti na viber

Во последните месеци таа беше поврзувана со холивудската ѕвезда Том Круз или со НБА кошаркарот Џими Батлер, но сега има „цврсти докази“ дека ново момче на Шакира е Луис Хамилтон.

Минатата недела Шакира беше во градот од кој побегна по болното раскинување со Пике, а главна причина за нејзиното враќање е Хамилтон. Со неа патувале и нејзините синови Саша и Милан.

И додека нејзините синови беа со таткото Жерар Пике и неговите родители, Шакира имаше некоја друга „работа“.

Во Барселона се одржа трката за ГН на Шпанија, а популарната пејачка беше во боксот на Мерцедес од каде со големо нетрпение ја следеше трката.

Камерите ја фатија атрактивната колумбиска пејачка во неколку наврати, додека нејзиното ново момче беше брилијантно на патеката со второто место зад недопирливиот Макс Ферстапен од Ред Бул.

По трката, Шакира и Хамилтон повторно завршија на вечера, но овојпат изгледаа многу поблиски додека седеа еден до друг и имаа заљубена насмевка на нивните лица. Повеќе од јасно е дека меѓу најуспешниот возач во историјата на Формула 1 и познатата пејачка има нешто повеќе од само пријателство.

Можете да прочитате

Милан и со играч повеќе немоќен во Рим, Баер ја продолжи серијата без пораз, Ливерпул елиминиран

Македонските девојки на ЕП-2024 ќе играат во Унгарија

Карло Анчелоти откри кои играчи на Реал Мадрид одбиле да шутираат пенали