Утрински Весник
Спорт

Оршиќ е пред трансфер во Саутемптон

Оршиќ е пред трансфер во Саутемптон

Динамо од Загреб е препознатлив по одличната трансфер политика и многубројните скапи продажби на играчи.

dobivaj vesti na viber

Во зимскиот преоден рок клубот ќе го напушти искусниот напаѓач, Мислав Оршиќ. Хрватските медиуми пишуваат дека, Оршиќ ќе стане нов играч на Саутемптон, а трансферот би требало да изнесува 8.500.000 евра.

Оршиќ, во минатото, беше на мета на Барнли и Арсенал, а сега конечно ќе игра во Премиер лигата.

За Хрватска играше и на Светското првенство во Катар, каде што постигна гол против Мароко во борбата за третото место.

Тој постигна 91 гол и забележа 40 асистенции во дресот на Динамо на 214 одиграни натпревари.

Можете да прочитате

Љубослав Пенев се бори за живот

Почина легендарниот италијански тенисер Пјетрањели

Убедлив старт на Македонија: Грозданова и соиграчките со нови три бода