Утрински Весник
Магазин

Организаторите на Олимписките игри во Париз ги загрижуваат тигрестите комарци

1711470088 Pariz.jpg

Организаторите на Олимписките игри во Париз ќе треба да се справат со уште еден проблем – тигрести комарци, пренесува француската новинска агенција АФП.

Причината за тоа лежи во фактот што тие со себе носат многу вируси, како што се Зика, Денга и Чикунгуња, кои би можеле да ги спречат спортистите да учествуваат на натпреварот за кој се подготвуваат четири години.

Загрижувачки е податокот дека годинава во Франција се забележани 45 случаи на зараза со вирусот денга, кој го шират тигрести комарци. Оваа инаку тропска болест се појави на друго место во Европа со инвазијата на тигрести комарци. Поради овој факт, француските власти работат на целосно сузбивање на тигрестите комарци за време на Игрите, што треба да го направат со дезинсекција на одредени делови од Париз, што е вообичаена практика, особено во тропските градови.

Властите исто така треба да се обидат да ги истребат штетните инсекти преку превентивни мерки кои, според ентомологот Дидие Фонтенило, вклучуваат заштитни мрежи, употреба на репеленти и органски инсектициди.

Таканаречените модерни стапици за комарци се особено иновативни. Станува збор за користење симулирани човечки тела каде што комарците би требало да ги испуштат јајцата, но тоа всушност треба да биде стапица во која јајцата ќе бидат уништени. Последниве станаа и профитабилен бизнис за многу компании, како што е Биогентс, која објави дека е избрана на јавен тендер да постави 15 стапици во марината во Марсеј, каде што ќе се натпреваруваат едриличари.

Тигарските комарци во последниве години се шират низ Европа, главно поради климатските промени. Во Франција, најзагрижувачки е фактот што тие се пронајдени и во Нормандија, која до неодамна важеше за единствен регион во земјата без овие досадни инсекти поради постудената клима.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста