Утрински Весник
Спорт

Џорди Алба се сели во Наполи?

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

По заминувањето на Џерар Пике, кој најави дека вечерва против Алмерија ќе го одигра последниот натпревар во кариерата, на повидок е уште едно заминување од Барселона. „Камп Ноу“, во зимскиот преоден рок, речиси сигурно ќе го напушти Џорди Алба.

dobivaj vesti na viber

Искусниот лев бек (33) е еден од најплатените играчи на Барселона, кога на ова ќе се додаде дека игра во лоша форма, јасно е зошто клубот сака тој да си замине.

Џорди Алба, кај Чави добива можност да игра, но во натпреварите со послаби противници. Во Ла Лига и Лигата на шампионите на 10 натпревари одигра само 648.

Според „Ел Национал“, Наполи покажал интерес за услугите на шпанскиот дефанзивец, но само под услов да не мора да платата оштета. Шпекулациите говорат дека Барселона нема да бара обесштетување.

Наполи, на позицијата на која игра Алба, сезонава го има Марио Руи и Матиас Оливеира. Алба би го донел потребното искуство и победничкиот менталитет во тимот на Лучијано Спалети.

Наполи, брилијантно ја започна оваа сезона, лидер е во Серија А и надмоќно избори пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина