Утрински Весник
Македонија

Ордановски: ВМРО е партија која сака да има власт и ќе се дојде до ситуација на враќање на теми на кои со години не се зборува

Sasho Ordanovski 1.jpg

„ВМРО е партија која сака да има власт. Кога ги контролираш парите и моќта, а тоа се тие неколку 3-4 министерства, тие мислат дека на тој начин ќе им докажат на македонците дека албанците можат да бидат третирани каде што им е местото. Јас мислам дека тоа ќе се одрази со голем проблем кај ВЛЕН. Бидејќи се една таква структуирана партија, малку франкештајнски, но со лигитимитет. Со тоа ќе го ослабнат ВЛЕН од кој се очекува да влезе во пресметка со ДУИ, на начин да држи министерства за обраование, култура или незнам што, а ДУИ е противник кој на ниеден начин не смее да се потцени, и е отиден веќе во една федералистичка реторика, и само ќе ја зајакнува и е тенката линија за едно општество за сите,“ истакна Сашо Ордановски на поткастот Политиканти на Слободен печат, осврнувајќи се на неофицијалните информации во јавноста за кои министерства ВМРО-ДПМНЕ ќе ги земе.

Тој посочи дека уште пред да се стигне до бугарско-грчките компликации, кои се подигнати доста високо, ќе се дојде до ситуација на враќање на теми на кои со години не се зборува.

Можете да прочитате

ИО на СДСМ донесе одлука за исклучување на Петре Шилегов

Шилегов по одлуката на ИО за исклучување: Утре ќе дадам коментар имам многу што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица

Доброволните пожарникари од Кочани: Пораката „горе има жртви“ беше најтешкиот момент од интервенцијата во „Пулс“