Утрински Весник
Македонија

Јорданов: Се реши долгогодишен спор, се деблокира процесот на изградба на болницата во Штип

Јорданов: Се реши долгогодишен спор, се деблокира процесот на изградба на болницата во Штип

„Решивме проблем за Штип и целиот Источен Регион! Како што ветив, ќе правам напори и притисок секаде каде што имам можност, за да овозможам благосостојба на моите сограѓани и квалитетна здравствена услуга, преку изградба на клиничката болница“, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.

dobivaj vesti na viber

Тој пишува дека „се реши долгогодишниот спор меѓу изведувачот и подизведувачот, а тоа значи деблокада во процесот на изградба на болницата. Она што беше работа на власта, затоа што беше од интерес на секој еден од жителите на Општина Штип, помогнав да добие позитивна разрешница и да добиеме највисок квалитет во добивањето на здравствените услуги!“

„Вака ќе ги решаваме сите проблеми, затоа што ако е во интерес на граѓаните, тогаш е во апсолутна надлежност на општината!“ напиша Јорданов.

Можете да прочитате

Пожар го затвори експресниот пат Штип – Кочани, сообраќајот во прекин

Скопјанец во Охрид со бензин испрскал момче од Кичево

Левица: ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево