Утрински Весник
Македонија

Јорданчо го раскажа хоророт во Кочани – Тело врз тело бев затрупан со луѓе (вознемирувачко видео)

Retro eglenceli kadin konusma kartvizit.png

Јорданчо Ефтимов, еден од преживеаните во трагичниот пожар кој ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани, со потресно видео во живо на Инстаграм ја сподели својата лична приказна и ги покажа раните со кои се здобил во ноќта што го потресе целиот регион.

„Не сум многу изгорен бидејќи бев потрупан со луѓе, не сум сигурен дали беа живи, прилично тежеа, не збореа ништо. Пример јас зборев, они не збореа ништо, и кога ги потргнав, кога ја извадив раката само видов дека се растргнуваат луѓето над мене и некој ми подава рака да станам“, раскажува Јорданчо, сè уште видно потресен, но со сила да проговори за траумата што ја доживеал.


Тој вели дека минал со изгореници на лицето и на двете раце – левата веќе му е функционална, но десната, според неговите зборови, сè уште бара време и лекување за да закрепне целосно.

И покрај болката и физичките последици, Јорданчо храбро зборува за своето искуство, со што станува глас на преживеаните од најголемата цивилна трагедија во поновата историја на земјата, во која загинаа 61 лице, меѓу кои и деца, а беа повредени близу 200 лица.

Сведоштвото на Јорданчо е потсетник за човечката цена на немарноста и потребата за правда и одговорност.

Можете да прочитате

Шефот на кабинет на Министерот за јавна администрација на конференција во Бари

Одбележан Денот на Командата за обука и доктрини 

ВРЕДИ: Носиме повисоки плати, работниците во поштата конечно го добиваат заслуженото!