Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Орце Ѓорѓиевски уверен во победа во првиот круг

Img 9135.jpeg
300x250 opst2

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека очекува победа уште во првиот изборен круг, темелејќи го својот став на, како што рече, сработеното во изминатите четири години како градоначалник на Општина Кисела Вода.

„Убеден сум дека ќе ја добијам поддршката и очекувам победа во првиот круг земајќи предвид дека имам сериозно сработено зад себе изминатите четири години и имам сериозен кредибилитет да ја побарам поддршката од граѓаните. Искрен да бидам, очекувам победа уште во првиот круг,“ изјави Ѓорѓиевски во првото телевизиско соочување со неговата противкандидатка од СДСМ, Каја Шукова, на телевизија Канал 5.


Тој истакна дека доколку биде избран, ќе одлучува самостојно и нема да дозволи влијанија или сугестии од никого.

„Приоритет секогаш ќе ми бидат граѓаните, како што тоа го правев во Кисела Вода. Мицкоски никогаш не ми сугерирал за одредена ситуација. Секогаш бил насочен да помогне за реализација на проекти, но јас сум човек што одлучува самостојно и единствено во интерес на граѓаните,“ рече Ѓорѓиевски.

Од друга страна, кандидатката на СДСМ и единствена жена во трката за градоначалник на главниот град, Каја Шукова, изрази уверување дека ќе има втор круг од изборите.

„Секако дека ќе има втор круг, тоа е проста математика. Јас секако ќе влезам во вториот круг,“ истакна таа.

Шукова посочи дека одлучила да се кандидира поради своето долгогодишно искуство во областа на животната средина, комуналните дејности и процесот на децентрализација.

„Цел живот сум во животната средина – не само во креирањето закони, туку и во имплементацијата на проектите. Знам кои се проблемите на локалните самоуправи и токму поради тоа се одважив да влезам во оваа трка,“ изјави таа.

На прашање од Ѓорѓиевски дали би се повлекла доколку не влезе во втор круг, Шукова одговори дека не размислува за такво сценарио.

„Како потпретседател на СДСМ останувам активно да помогнам во консолидацијата на партијата, без разлика на изборниот исход,“ рече Шукова.

Можете да прочитате

Бујар Османи: Ги донесов најважните проекти во Чаир, градинката Бамби, гинекологија и Универзитетот Мајка Тереза

Шукова: Капиталните проекти во Скопје стојат нереализирани поради застој и несоработка на ВМРО-ДПМНЕ

Османи за Меџити: 20 години работел без план сега ќе прави мастерплан