Утрински Весник
Скопје

Орце Ѓорѓиевски: Сакам дебата со Амар Мециновиќ

Img 9711.jpeg

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека ја прифаќа поканата од ТВ Канал 5 за учество во дебата со неговиот противкандидат во вториот круг од локалните избори, Амар Мециновиќ од Левица.

„Тоа е прва телевизија со национална концесија која достави покана за дебата. Граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата, во која секој кандидат ќе ги претстави своите визии, програми и решенија за иднината на Скопје. Транспарентноста и почитта кон граѓаните се темели на вистинска демократија, а токму тоа ќе го покажеме и овој пат,“ напиша Ѓорѓиевски на својот профил на Фејсбук.


Дебатата, како што најави, ќе биде можност граѓаните директно да ги слушнат ставовите и предлозите на двајцата кандидати за тоа како го замислуваат развојот на главниот град.

Можете да прочитате

Орце Ѓорѓиевски на средба со проектантите на БРТ

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ поднесе предлог за А-интегрирана дозвола до МЖСПП

Без струја делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош