Утрински Весник
Свет

Орбан: Западот сака да ја глобализира војната во Украина

Орбан: Западот сака да ја глобализира војната во Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан  изјави дека Западот сака да ја глобализира војната во Украина.

dobivaj vesti na viber

„Конфликтот мора да биде изолиран, но западните земји сакаат да ја глобализираат војната“, изјави Орбан за јавниот сервис, пренесува МТИ.

Премиерот Орбан додаде дека ќе се докаже оти Унгарија била во право за војната во Украина и дека Западот не успеал мирно да ја процени ситуацијата на теренот.

„Можете да војувате само ако имате јасна цел и знаете кои алатки ќе ги користите. Во спротивно, политиката не може да ги објасни изгубените животи“, рече унгарскиот премиер

Можете да прочитате

Путин се сомнева дека дронот што се урна во Романија бил руски и предложи Москва да спроведе експертиза на остатоците

Романија го протерува рускиот конзул по падот на дрон врз станбена зграда

Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот, не може да биде посредник