Утрински Весник
Свет

Орбан: Унгарија нема да испраќа пари и оружје во Украина 

Orban 1.jpg

Виктор Орбан, унгарскиот премиер пред почетокот на седницата на Комитетот за европски прашања во Парламентот во Будимпешта на фејсбук објави дека се подготвува за претстојниот Самит на Европската Унија во Брисел.

– Влогот е едноставен: војна или мир. Никогаш не сме биле толку блиску до решавање на руско-украинската војна. Европа е на прагот на огромна можност: САД наскоро може да ја завршат војната што ние Европејците не можевме да ја решиме четири години. Не можеме ништо друго освен да ги поддржиме, истакна Орбан.

Според него, Европа ќе ја продолжи војната на бојното поле и ќе ја интензивира во економската сфера со конфискација на замрзнат руски имот. Орбан истакна дека тоа е „еквивалентен на отворена објава на војна и руската страна ќе возврати“.

Тој потенцира дека „Унгарија нема да ја поддржи конфискацијата на замрзнатите руски средства, нема да испраќа пари или оружје во Украина и нема да учествува во воениот заем на ЕУ“.

Можете да прочитате

Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни тела и организации

Платена кауција од 2,7 милиони евра за поранешниот шеф на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак

Трамп: Времето за Иран истекува