Утрински Весник
Свет

Орбан со поддршка за Трамп: Претседателе, со вас сме, продолжете да се борите

Орбан со поддршка за Трамп: Претседателе, со вас сме, продолжете да се борите

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во објава на Твитер го поддржа Доналд Трамп и го повика поранешниот американски претседател „да ја продолжи борбата“ со оглед на обвиненијата што се покренати против него.

dobivaj vesti na viber

Големата порота минатата недела го обвини Трамп дека ѝ платил 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс да молчи за нивната наводна тајна врска. Даниелс тврди дека имала афера со него додека тој бил во брак со неговата сегашна сопруга Меланија.

Покрај пораката, Орбан на Твитер објави и фотографија на која е со Трамп, направена за време на посетата на унгарскиот премиер на САД во август минатата година.

„Продолжете да се борите, господине претседателе! Ние сме со вас“, напиша Орбан на Твитер.

Можете да прочитате

“Рајанер” го зголемува дозволениот бесплатен рачен багаж

САД воведоа нови санкции врз Иран и Хезболах

Ужас во Германија: Ги нападнал со секира патниците во воз