Утрински Весник
Свет

Орбан: Санкциите против Русија може да ја доведат Европа на колена

Орбан: Санкциите против Русија може да ја доведат Европа на колена
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека обидите на Западот да ја ослабне Русија не успеале и покрај големиот број санкции што се воведени против Москва, пренесува МТИ.

dobivaj vesti na viber

– Во моментов против Русија се во сила 11.000 санкции, но обидите за ослабување на Русите не се крунисани со успех. Напротив, тешката инфлација и енергетскиот дефицит, предизвикани од санкциите, би можеле да ја доведат Европа на колена – рече Орбан.

Според него, доколку не се промени политиката на санкции во Европа, ситуацијата ќе биде тешка.

Орбан истакнува дека е неопходно „да се бориме против зелените и бирократите вклучени во геополитичките игри“ за да се убедат да не се откажуваат од различни извори на енергија.

– Од политички причини се откажуваме од користењето различни извори на енергија и со тоа си го поскапуваме животот и ја отежнуваме позицијата на сопствената индустрија во глобалната конкуренција – рече Орбан.

Претходно, министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Унгарија не сака да разговара за санкциите против Русија во врска со снабдувањето со нафта и гас. Според Сијарт, „бидејќи не е возможно да се транспортира природен гас во воз или во ранец“, Европа нема да може да се ослободи од зависноста од руските енергетски извори, пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

Силен руски напад со суперсонични ракети врз Киев

Зеленски: Русите нè напаѓаат од Белорусија

Поранешниот премиер на Малезија осуден на уште 15 години затвор за скандалот 1MDB