Утрински Весник
Свет

Орбан наскоро испраќа бизнисмени во Русија за да се подготват за повоениот период

Viktor orban.jpg

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во наредните денови ќе испрати делегација бизнисмени во Русија, за да се подготват за повоениот период.

Оваа мисија ќе се фокусира на економската соработка и е дел од стратегијата „сега да се размислува за повоениот период и периодот без санкции“, рече Орбан на собир со околу 1.000 луѓе во спортската сала во Кечкемет, во централниот дел на Унгарија.

Орбан, кој е еден од ретките европски лидери блиски и со американскиот претседател Доналд Трамп и со рускиот претседател Владимир Путин, рече дека разговара и со Американците и со Русите, но дека не може да открие детали, пренесе парискиот весник Монд на својата веб-страница.

– Треба да го предвидиме тој период, бидејќи ако Бог ни помогне и војната заврши без ние да бидеме вовлечени во неа, и ако американскиот претседател успее да ја реинтегрира Русија во глобалната економија, а санкциите бидат укинати, ќе се најдеме во сосема поинаков економски простор, додаде унгарскиот премиер.

Можете да прочитате

Папата изјави дека нема да стои со скрстени раце пред прекршувањата на човековите права во светот

Филипини: Кина испука сигнални ракети кон авион над Јужното Кинеско Море

Маск повика на распуштање на Европската унија откако Унијата ја казни платформата Х