Утрински Весник
Свет

Орбан: Денеска ќе ги презентираме доказите за состојбата на „Дружба“, ќе ја прекинеме блокадата на Зеленски

20260302092139 big 730x400 55.webp.webp

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска Унгарија ќе ги презентира доказите собрани во текот на викендот во врска со состојбата на украинскиот дел од нафтоводот „Дружба“.

Во објава на Фејсбук, Орбан напиша дека пристигнале вредни информации.


Во друга објава, дадена за време на обиколката на рафинеријата на Дунав, тој рече дека унгарската Влада нема да дозволи цените на бензинот да пораснат на 1.000 форинти и дека ќе ја прекине блокадата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во видеото, претседателот и генерален директор на нафтената и гасна компанија МОЛ, Жолт Хернади, му го покажува на Орбан местото каде што нафтоводот „Дружба“ се спојува со рафинеријата.

„Моментално нема сурова нафта. Испораките преку нафтоводот беа прекинати 22 пати од почетокот на војната во Украина. Досега успеавме да ја решиме ситуацијата, но таа одеднаш се промени и не ја знаеме причината. Дури понудивме и техничка помош“, рече тој, пренесува МТИ.

Можете да прочитате

ИРГК: Иран изврши целен напад врз израелски владин кампус

Неколку илјади граѓани на ЕУ сè уште се во Иран, многумина не сакаат да заминат

Глобален авио-хаос: Стотици илјади патници блокирани по затворањето на небото над Блискиот Исток