Утрински Весник
Балкан

Орбан: Ако Унгарија има нафта, ќе има и Србија

20251127145622 big 730x400 93.webp.webp

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Суботица изјави дека неговата земја зависи од увозот на нафта и гас, но дека резервите што ќе ги има ќе ги подели со Србија.

Тој и српскиот претседател Александар Вучиќ им се обратија на новинарите откако во Суботица им беа доделени признанијата од Фондацијата „Иштван Пастор“ за унапредување на односите меѓу двете земји и народи. Орбан повтори дека Србија секогаш може да смета на помошта од Унгарија и додаде дека двајцата денеска на работниот ручек ќе разговараат за енергетската стабилност и мирот.

На новинарско прашање да ја прокоментира изјавата на неговиот шеф на кабинет дека унгарскиот МОЛ би можел да купи удел во НИС, тој рече дека таа одлука е на Србија. Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, Гергељ Гулјаш, претходно изјави дека унгарскиот МОЛ би можел да купи удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е во руска сопственост, а преговорите за тоа се во тек. Гулјаш на брифинг за новинари рече дека „може да постои можност за нормална пазарна трансакција, но преговорите се во тек“.

Можете да прочитате

Папата Лав XIV во историска посета на Турција: Поклонение во Никеја и зацврстување на екуменскиот дијалог

Тешка несреќа во Србија: Четири лица загинаа во судир меѓу комбе и градежен валјак

Србија ќе аплицира за отворање Регионалното биро на Интерпол за Југоисточна Европа во Белград