Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Во Град Скопје има превработеност, не ми требаат 25 хигиеничарки, има десетина шофери, не ми требаат, сам се возам

Image 241959.jpg

Во Град Скопје има превработеност, рече градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

Ѓорѓиевски изјави дека толкав број на вработени нему не му се потребни во Град Скопје. Тука ги спомна хигиеничарките и шоферите.

„Дваесет и пет хигиеничарки не ми требаат мене. Еве не ми требаат 25 хигиеничарки, но има во Град Скопје. Десетина шофери не ми требаат, еве сам се возам уште. Се возев во Кисела Вода сам, се возам и сега. Најбезбедно се чувствувам така. Тоа мое лично право на избор. Нема ниту обезбедување, имам соработник кој што ми помага околу ова“, порача Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини

Општина Аеродром: По неколку децении – нов сјај за „Три бисери“

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар – вака Ѓорѓиевски го води Скопје