Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Влогот во образованието е влог во иднината

Image 2025 12 22 153111251.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на средните училишта во Скопје, каде што изврши увид во новата опрема и подобрените услови за настава и работа.

Градот Скопје интензивно работи на унапредување на условите во средното образование, со конкретни и видливи резултати за краток временски период. Посветеноста кон создавање современи, безбедни и достоинствени услови за учење и работа во училиштата претставува еден од клучните приоритети на локалната самоуправа, со јасна цел квалитетно образование и подобра иднина за младите.

Во прилог објавата на социјални мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски:

– Влогот во образованието е влог во иднината. Горд сум кога резултатите од нашиот труд  за кратко време се веќе видливи, што ни дава уште поголем мотив да продолжиме посилно и поодлучно. Денес сме во посета на средните училишта во Скопје, каде што сите ги опремивме со нови клупи и столчиња, достоинствени услови за учење и работа.  Обезбедивме и прочистувачи на воздух, преносни компјутери, десктоп компјутери, нови и модерни интерактивни табли, како и смарт панели кои овозможуваат современа, динамична и квалитетна настава, во чекор со времето и потребите на младите. Со целосна одговорност можам да кажам дека ова е најголемата набавка за средното образование досега, што јасно говори за нашата силна посветеност кон поквалитетно образование.  Модернизацијата и осовременувањето на наставните средства продолжува и понатаму, системски и плански, посочи Ѓорѓиевски.

На денешната посета, по долги години имав чест повторно да ја видам мојата класна раководителка во средното медицинско училиште каде што се образував. Средбата ми врати многу спомени од минатото и уште еднаш ме потсети колку е важна улогата на наставниците во градењето на нашите животни патишта.

Паралелно, во фокусот е и реконструкцијата на спортските терени, проект кој веќе е во тек, затоа што сакаме да ја поттикнеме физичката активност и да градиме здрави животни навики кај младите од најрана возраст. Дополнително, сите средни училишта во Град Скопје ќе добијат и фотоволтаици, што е сериозна и одговорна мерка која ќе значи намалување на трошоците за електрична енергија, но и директен придонес во заштитата на животната средина. Сето ова е насочено кон унапредување на севкупната опременост, квалитетот и комфорот во училиштата, како силен стимул за развој на потенцијалот кај младите. Ова е само дел од нашата визија за модерно образование. Продолжуваме понатаму, со дела, а не со зборови, изјави Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Додека Скопје се гуши од загаден воздух, врват криминални тендери, велат од СДСМ

Маглата го отежнува сообраќајот на Аеродром Скопје – откажани 20 летови

Завршена целосната демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје