Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Угостителите до Нова година сами ќе треба да обезбедат контејнери за отпад

Image 241959.jpg

Угостителските објекти во Скопје до Нова година ќе треба сами да обезбедат контејнери за одлагање на отпад и да организираат негово редовно собирање. Толеранција нема да има, порача градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во вечерашното гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма.

Тој истакна дека со потпишувањето на договорите меѓу угостителите и ЈП „Комунална хигиена“ јасно ќе бидат утврдени обврските на двете страни.

„Сите тие имаат дејност за која наплаќаат од граѓаните. Од друга страна, граѓаните си плаќаат за уредно да го одлагаат отпадот во контејнери. Не може некој да биде држен во сива зона“, изјави Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

(Фото) Снегот и тестирањето на камерите го парализираа Скопје

ТИТАН Усје: Работиме согласно законот – неоснованите обвинувања не придонесуваат кон наоѓање одржливи решенија

Во општина Илинден светиот крст кај Марио Димитријевски