Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Се реконструира улицата „Жил Верн“, продолжуваме да го уредуваме секој дел за побезбедна и поубава Кисела Вода и Скопје

20251024141245 big 730x400 45.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Жил Верн“ во општина Кисела Вода. 

-Денес извршив увид во тековните градежни активности на улицата „Жил Верн“ во Кисела Вода, проект што значи целосна реконструкција на коловозот и тротоарите, на површина од околу 1.300 квадратни метри. Оваа улица добива сосема нов лик.


По поставувањето на новата атмосферска канализација, со новиот асфалт и уредени тротоари ја заокружуваме инфраструктурната санација во целост, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Средствата за реализација на проектот се обезбедени преку капиталните инвестиции за кои Општина Кисела Вода аплицираше до Владата.

– Продолжуваме посветено, чекор по чекор, да го уредуваме секој дел за подобра, побезбедна и поубава Кисела Вода и Скопје, наведува  Ѓорѓиевски. 

Можете да прочитате

Минатата недела во Центар санкционирани 123 непрописно паркирани возила

Општина Аеродром со нова алатка за директна оцена на нејзината работа од граѓаните

Хуманитарен настан во МКЦ по повод 15 години Национална мрежа против насилство врз жени