Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Ѓорѓиевски: Мобилизирани сите ресурси за санирање на излевањето на Маркова Река

Img 6286.jpeg
Dik 300x250 mk

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, веднаш по добивањето на информацијата за излевањето на Маркова Река поради обилните врнежи во општина Студеничани, го прекинал гостувањето на телевизија и заминал на најкритичните места за да помогне на соседната општина.

„Во постојана комуникација сме со Премиерот Христијан Мицкоски, кој веднаш се понуди да ги мобилизира сите расположливи ресурси за помош, за што јас и жителите на Студеничани сме му благодарни,“ вели Ѓорѓиевски.


Тој информира дека механизацијата е на терен и дека нема опасност по населението, нагласувајќи дека со градоначалникот на Студеничани, Азем Садику, будно ќе ја следат ситуацијата цела ноќ. Подготвен за поддршка е и градоначалникот на Аеродром, Дејан Митевски, доколку се појави потреба.

Ѓорѓиевски упати критика кон институциите, особено кон Град Скопје, истакнувајќи дека повеќепати било побарано регулирање на речното корито, но одговорот од градоначалничката бил дека нема предвидени средства за тоа.

„Временските непогоди не можеме да ги спречиме, но можеме да делуваме да нема големи последици. Материјалното ќе го поправиме заеднички – Бог нека нѐ чува сите, тоа е најважно!“ – порача Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Орце Ѓорѓиевски уверен во победа во првиот круг

Бујар Османи: Ги донесов најважните проекти во Чаир, градинката Бамби, гинекологија и Универзитетот Мајка Тереза

Шукова: Капиталните проекти во Скопје стојат нереализирани поради застој и несоработка на ВМРО-ДПМНЕ